Што гледа Јокиќ на својот мобилен? Се разбира…коњски трки! (ФОТО)

185

Најдобриот кошаркар во светот и дефинитивно е опседнат со коњите и коњските трки. Се разбира дека станува збор за Никола Јокиќ, Србинот кој на Денвер Нагетс минатата сезона им ја донесе титулата во НБА лигата.

Јокиќ пред секој натпревар, пред секој тренинг одвојува по некоја минута за себе со цел да се сконцентрира. И тој тоа го прави со својот мобилен на кој што постојано нешто гледа.

Кога фановите посакаа да дознаат што тоа гледа Јокиќ, тој има ја исполни желбата и го сврти мобилниот.

И што ќе се види? Се разбира…коњски трки, а што може друго.

Image

ПретходноКавадарчани како брз воз го прегазија Гостивар
СледноХуркач шампион во Шангај, Женг запеа по освоената титула во Женгжу