Селекторот на бугарската фудбалска репрезентација Младен Крстајиќ најверојатно утре за последен пат ќе ја предводи Бугарија, објавија бугарските медиуми.
Бугарија утре гостува во Албанија на пријателски натпревар, по понижувачкиот пораз од Литванија со 0:2 во Софија во групата Г од европските квалификации. Со оглед на случувањата во групата, голема е веројатноста Бугарите во овие квалификации да бидат последни во групата.
По завршувањето на средбата со Албанија, е закажан состанок на Извршниот комитет на БФС на кој и ќе биде раскинат договорот со српскиот стратег. Првите луѓе на тамошната Федерација веќе почнале разговорите со двајца тренери од бугарското првенство кои можат да се нафатат и со селекторската работа.