Вардар 1961 останува максимален, лесна победа против Голден Арт!

112

Очекувано, лесно, рутински. Така на кусо може да се опише победата на Вардар 1961 денеска против Голден Арт и тоа како гостин со 21:32 (11:14).

Ова беше седма победа на некогашниот шампион во исто толку средби во ракометната Суперлига во групата – Б. Победа со која и натаму е пред шампионот Е. Пелистер кој има еден пораз во изминатиот дел од сезоната.

Уште на почетокот од мечот се виде кој е кој. „Црвено – црните“ веднаш направија разлика, која потоа не само што ја одржуваа, туку и ја зголемуваа. Ракометарите на Голден Арт колку и да се обидуваа да фатат приклучок, сепак на нив им стана јасно против кого си имаат работа.

Во победничкиот тим Родригез и Николиќ стрелаа по осум пати, додека Ончев кај поразениот тим, постигна пет гола.

Треба да се каже дека Вардар 1961 на овој меч не настапи со најдобриот состав, многумина недостасуваа. Но и со ваков состав „црвено – црните“ немаа проблеми да забележат нов триумф.

Претходно“Специјалниот“ летоска одбил понуда од С. Арабија вредна 120 милиони евра!
Следно„Рисовите“ го одработија тренингот на “Благој Истатов“ во Струмица, дуелот со Ерменија ќе биде добра контрола! (ФОТО)