Лилард дебитираше со победа во дресот на Милвоки (ВИДЕО)

105

Кошаркарите на Милвоки го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 108:97 во претсезонските натпревари одиграни синоќа, а во фокусот остана дебито на големото засилување за Бакс, Демијен Лилард.

Лилард го одигра првиот меч за Бакс и воопшто за оваа франшиза. Во своето деби за Милвоки, Лилард постигна 14 поени за 22 минути на паркетот, додека најефикасен беше Јанис Антетокунбо со 16 поени и осум скока.

На другата страна, во отсуство на Леброн Џејмс, најдобар беше Ентони Дејвис со 16 поени и седум скока, Деанџело Расел имаше 11 поени, а Кристи додаде десет поени.

Во останатите натпревари кошаркарите на Мајами беа подобри од Мемфис со 132:124, Денвер предводен од Јокиќ славеше над Чикаго со 116:102, додека Голден Стејт на гости по продолженија славеше над Сакраменто со 121:115.

ПретходноИвановски со скок и најдобар пласман на АТП листата
СледноИнтернационалниот мајстор Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“