Војната меѓу Израел и Хамас, а во која најмногу страдаат цивилите Палестинци, се чувствува и тоа како и во Баерн Минхен. Имено репрезентативецот на Мароко, Нусар Мазрауи, даде поддршка на Палестинците со цитирање на Куранот на социјалните мрежи.
Следуваа бурни реакции во тамошната јавност, а политичарот Јоханес Штајнигер побара фудбалерот веднаш да биде протеран од земјата.
На сето ова Мазрау посочи дека е разочаран, дека не се премислува за тоа што го напишал, посебно не кога жртви се илјадници недолжни цивили.