Австрија го победи Азербејџан и го завери пласманот на ЕВРО 2024!

125

Со голот на Марсел Сабитцер, од пенал, во 48.минута, репрезентацијата на Австрија славеше со 0:1 на гости кај Азербејџан и освои екстра значајни три бода. Па така со тие бодови оваа селекција и дефинитивно се пласира на ЕВРО 2024.

Австрија во групата-Ф сега е втора зад Белгија со седум одиграни меча и освоени 16 бода, или десет повеќе од третата Шведска која треба да игра уште три меча, а Австрија само уште еден.

Но сега се е готово. Со оваа победа селекцијата на Австрија и официјално се најде меѓу оние кои следното лето ќе играат на ЕП во Германија, исто како и Белгија од оваа група.

ПретходноЗлатан изјави дека Балотели го “истурил талентот“, а овој му врати со порака преку Инстаграм! (ФОТО)
СледноПикси во очај: Не знам што уште треба да направам, можеби на играчите да им вградам крилја па да летаат!