Бербатов бесен: Две години се бориме со ова зло на фудбалот!

823

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Баерн е еден од кандидатите за претседател на Фудбалскиот сојуз на Бугарија, а сега бара големи промени откако селекцијата на оваа земја беше поразена во Софија од Литванија со 2:0 во квалификации за ЕП 2024.

„Две години работиме за доброто на бугарскиот фудбал, се обидуваме да го отстраниме ова зло што го зафати бугарскиот фудбал, овие неспособни луѓе кои владеат со нашиот фудбал. Сите заедно, обединети, не на зборови, туку на дело мора да направиме се за неуките веднаш да го напуштат бугарскиот фудбал“, изјави Бербатов.

Тој потенцира дека е потребен целосно „рестартирање“ на фудбалот.

„Ни треба рестарт на фудбалот, нова развојна стратегија во сите аспекти на спортот во Бугарија. Ова е многу важна и одговорна работа и започнува со активноста на сите нас заедно“, заклучи Бербатов.

ПретходноВо Зеница хаос поради Кристијано Роналдо (ВИДЕО)
СледноА.С. од Скопје го освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 17 582 267 денари