Овој викенд во Берово се одигра првото коло во рамките на Првата женска лига во пинг-понг, како и Втората лига за сениори.
Дамите одиграа три од предвидените четири меча, откако претходно беше одложен натпреварот меѓу АС Ѓорче Петров и Рисови. Тимот Берово 1 беше убедлив против Берово 2 (4-0), додека убедлива победа запиша и Крива Паланка против Шампиони 4-1. Младост 96 беше подобар од Младост со 4-2.

Постигнати резултати:
Крива Паланка – Шампиони ФА 4:1
Во рамки на Втората лига се одиграа следните натпревари:
Хепи – Саса 4:0