Вечерва во Зеница, Босна и Херцеговина ја пречекува Португалија во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 2024 година. Секако во центарот на вниманието е Кристијано Роналдо, кој со својата репрезентација веќе осигура место на уште едно големо натпреварување.
Во Зеница владее хаос токму поради Роналдо, пишува „спортспорт.ба“. Голем број фанови се собраа пред хотелот каде што се наоѓа португалската селекција. Младите деца кои беа собрани го извикуваа неговото име, по што тој се појави.