Најдобриот македонски џудист Еди Шерифовски се закити со сребрен медал на Балканското првенство за млади сениори до 23 години кое што се одржа во периодот 13 – 15 октомври 2023 година во Истанбул – Турција.
Балканскиот вицешампион Еди Шерифовски кој се натпреваруваше во категоријата до -81 кг. најпрво во четвртфиналето славеше против Селахатин Елнас, потоа во полуфиналето беше супериорен над Ерен Кочак, додека во финалето во израмнета борба загуби од Нихат Карачан и да го освои сребрениот медал.
На балканското првенство за млади сениори до 23 години учество зедоа натпреварувачи од 9 балкански држави и тоа: Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Бугарија, Молдавија, Романија, Грција, Црна Гора и домаќинот Турција.
Резултати во поединечна конкуренција: Резарт Хусени (- 66 кг. 7 место), Андреј Симоноски (- 73 кг. 7 место), Георгиј Магдески (- 73 кг. 7 место), Еди Шерифовски (- 81 кг. сребрен медал), Андреј Чакарoвски (- 90 кг. 5 место), Лилјана Недановска (- 63 кг. 7 место), Кристина Мантароска (- 63 кг. 7 место) и Катерина Ацевска (+ 78 кг. 5 место).