Златан изјави дека Балотели го “истурил талентот“, а овој му врати со порака преку Инстаграм! (ФОТО)

591

Познато е дека Марио Балотели секогаш има што да кажем никогаш не останува должен никому, посебно не ако некој го апострофира како фудбалер или личност.

Па така пред некој ден Златан Ибрахимовиќ за својот некогаше соиграч од Интер, покрај другото го кажа и следното:

Уште како дете доби шанса, штета што не го искористи својот талент. Балотели имаше толку шанси и сите ги испушти, ендноставно фрли својот талент. Тоа е вистината“.

На ова Балотели на Инстаграм постави фото од пехарот во ЛШ кога со Интер во 2010 стана европски првак.

Јасно е дека со ова тој кажа дека Марио ја освоил ЛШ а Златан не.

Интересно во секој случај.

ПретходноНено и неговиот Уникс до убедлив триумф!
СледноАвстрија го победи Азербејџан и го завери пласманот на ЕВРО 2024!