Ивановски загуби во првото коло на Челинџерот во Хамбург!

97

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 турнирот во германски град Хамбург (награден фонд 36.000 евра) откако попладнево загуби во мечот од првото коло од холандскиот тенисер Јеле Селс со 2-0 во сетови (62 64) за еден час и 27 минути игра. Искористените брејк топки беа клучни за победата на Селс, кој искористи три од 10-те можности, додека Ивановски немаше брејк топка во мечот, а имаше четири шанси. Притоа холандскиот тенисер имаше подобар процент на освоени поени на сервис 75%, наспроти 57% на Ивановски.

Првиот сет противникот на Ивановски го доби со 6:2 во гемови, притоа бреј направи во третиот и во седмиот гем притоа искористувајќи ја третата брејк топка во гемот. Предноста која ја направи значеше водство од 2:1 и потоа од 5:2 во сетот што се покажа како клучна за водствот од 1-0 во сетови.

Во вториот сет Холанѓанецот Селс брејк направи веднаш во првиот гем и поведе со 1:0, а потоа Ивановски испушти шанса да изедначи откако во осмиот гем не искористи две брејк топки, а во 10.иот гем не искори брејк топка. Во истиот тој гем Селс ја искористи третата меч топка.

ПретходноОлександар Петраков: Македонија со Милевски постојано напредува!
СледноУ-21: Надежите го “почувствуваа“ теренот во Кишињев, утре треба да се оправда фаворитската улога! (ФОТО)