Ивановски со скок и најдобар пласман на АТП листата

266

Пласманот во второто коло на Челиџерот во Братислава и победите во квалификациите на македонскиот тенисер Калин Ивановски му донесоа скок на АТП листата и тој сега со 176 поени (15 нови) се наоѓа на 305. место, што е негов најдобар ранг досега. Последниот највисок пласман на АТП  листата беше 306. место

Ивановски од денеска настапува на Челинџер 50 турнирот во Хамбург. Попладнево во првото коло игра против холандскиот тенисер Јеле Селс (449, 28 години).

И другите македонски тенисери кои имаат ранг имаат скок на листата. Горазд Србљак се наоѓа на 1072. место со 10 поени или има скок од седум места, додека Обрад Марковски е на 1485. место со скок од осум места, а остана со три поени.

ПретходноХрватскиот селектор ја презема одговорноста: Ова е навистина лошо
СледноЛилард дебитираше со победа во дресот на Милвоки (ВИДЕО)