Македонската кошаркарска федерација и оваа сезона ќе им додели на машките клубови кои се натпреваруваат во Првата лига одреден број на топки од брендот „Молтен“.
„И во оваа натпреварувачка сезона, Македонската кошаркарска федерација продолжува со практиката да биде помагател на активностите на клубовите
Во таа насока, во наредниот период, клубовите од Првата лига-мажи ќе бидат помогнати со одреден број на кошаркарски топки од компанијата „Молтен“, сертифицирани од страна на Светската кошаркарска федерација-ФИБА.
Согласно со тоа, во продолжението од натпреварувачката сезона 2023/2024, натпреварите во нашата најквалитетна лига ќе се играат токму со светски признатиот реквизит на еден од најдобрите производители на кошаркарски топки во светот“, се вели во известувањето на официјалната страница на Федерацијата.