Манчестер Ј. во јануари го продава Марсијал

157

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал ќе биде продаден во јануари. Ова го договориле шефовите на клубот и играчот. Договорот на 27-годишниот Французин е до летото 2024 година, со опција за продолжување на уште 12 месеци, но „црвените ѓаволи“ немаат намера да го активираат, претпочитајќи да го продадат оваа зима.

Французинот од почетокот на сезоната одигра 9 натпревари и постигна 1 гол во сите натпреварувања. Во повеќето од нив, стартуваше како резерва, а само трипати се најде во стартните единаесет.

Тој претходно беше поврзуван со Јувентус и Борусија (Дортмунд), кои можеби ќе го обноват интересот за него.

ПретходноБугарите повторно го менуваат селекторот: Отказ за Крстајиќ по мечот со Албанија?
СледноАвстрија уште денеска може на ЕП 2024, најблиску до пласман се и Унгарија, Албанија и Англија