И покрај поразот од Велс, Лука Модриќ синоќа стигна до импресивно достигнување. Во поразот на Хрватска од Велс (1:2) во европските квалификации, легендата на хрватскиот и европскиот фудбал стигна до бројката од 1000 натпревари на клупско и на национално ниво. Само уште 40 фудбалери во историјата на светскиот фудбал можат да се пофалат со такво нешто, меѓу нив и Кристијано Роналдо, Лео Меси и Андрес Иниеста.
38-годишниот Модриќ има 170 настапи за Хрватска и 497 за Реал Мадрид. Останатите натпревари ги одигра со Тотенхем, Динамо Загреб, Зрински Мостар и Интер Запрешиќ.