Џордoн Ајб беше голема наеж на Ливерпул, но тоа никогаш не го оправда на теренот. Ливерпул го донесе на 16 години од Викомб, уште во 2011 година, а по неколку добри сезони во младите категории, стигна до сениорскиот фудбал.
Сепак, Ливерпул одлучи да оди на позајмица, најпрвин во Бирмингем, па во Дерби Каунти, за во сезоната 2014/15 да добие шанса во првиот тим но не успеа да се наметне во силна конкуренција.
Ајб одигра вкупно 58 натпревари со ефект од четири гола и седум асистенции.
27-годишниот играч стана слободен откако го напушти турскиот второлигаш Аданаспор минатата година, а по 11 месечна потрага конечно најде клуб. Тој потпиша за Ебсфлит Јунајтед кој се натпреварува во Националната лига, која е петта по ранг во Англија.