Олександар Петраков: Македонија со Милевски постојано напредува!

355

Ерменија од завчера е во Македонија, денеска од Скопје се пресели во Струмица, а во пресрет на утрешниот пријателски меч со нашата најдобра репрезентација, од 15 часот, попладнево на прес покрај другото истакна:

Сметам дека дуелот со Македонија ќе биде интересен. Ги гледавме и анализиравме мечевите на нашиот утрешен противник. Мислам дека Македонија има неколку играчи кои можат да бидат доста опасни. Со Милевски селекцијата на Македонија цело време напредува. Сепак не би можел да издвојам имиња, зошто гледам дека има доста играчи кои можат да бидат опасни по нашиот гол“ заврши селекторот на Ерменија.

Репрезентативецот на Ерменија, Наир Тикнизјан, се надоврза на својот селекор на пресот денеска во Струмица:

Нема пријателски натпревари кога го носиш дресот на Ерменија. Ние се подготвивме за овој натпревар како да е официјален, а потоа ни следува во ноември важен натпревар“.

Претходно„Рисовите“ го одработија тренингот на “Благој Истатов“ во Струмица, дуелот со Ерменија ќе биде добра контрола! (ФОТО)
СледноИвановски загуби во првото коло на Челинџерот во Хамбург!