Пикси во очај: Не знам што уште треба да направам, можеби на играчите да им вградам крилја па да летаат!

488

Утре на “Маракана“ дерби на Балканот. Србија против Црна Гора во битка за пласман на ЕВРО 2024. Се знае дека ако не победи тимот на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, тоа за Србија ќе биде катастрофа. Ќе ги загуби речиси сите шанси за пласман на ЕП, нешто што од нивна страна се чека цели 24 години.

Денеска на прес во пресрет на утрешниот меч Пикси покрај другото истакна:

Јас не знам што уште треба да направам за да биде добро за репрезентацијата, за играчите. Единствено да им `вградам` крилја на фудбалерите па тие да летаат, но тоа е невозможно“ очајниот селектор кој во најслабата група во историјата има проблем квалитетната селекција на Србија да ја однесе на ЕВРО 2024.

Што ќе беше ако неговата репрезентација играше во нашата група, со такви велесили како Англија, Италија, Украина а тој си има проблеми со Унгартија, Ц.Гора, Литванија, Бугарија.

Неверојатно.

ПретходноАвстрија го победи Азербејџан и го завери пласманот на ЕВРО 2024!
СледноФановите на Јунајтед во шок: Мбапе требало да дојде на “Олд Трафорд“?!