Роналдо и друштвото си поигрaa со Босанците во Зеница

262

Португалија впиша три бода на гостувањето во Зеница во квалификациите за ЕП 2024. Совладана беше домашната селекција на БиХ со неверојатни 5:0 и тоа сите пет гола паднаа во првото полувреме.
Уште во петтата минута гол за Португалија. Леон Баришиќ играше со рака во сопствениот шеснаесетник, судијата покажа пенал, а го реализираше Роналдо. 38-годишниот фудбалски ас стрелаше прецизно и во 20. минута за удвојување на предноста, пет минути подоцна Бруно Фернандеш зголеми на 3:0.
Следуваа уште два гола, прво на Кансело, а потоа и на Жоао Феликс со што веќе беше јасно кој ќе победи на овој дуел.
Португалија е веќе на ЕП, затоа што има 24 бода на чело на табелата (осум од осум) или 10 повеќе од второпласираната Словачка и 12 повеќе од третиот Луксембург. БиХ го впиша петтиот пораз во овие квалификации.

РЕЗУЛТАТИ
АЗЕРБЕЈЏАН – АВСТРИЈА 0:1
БЕЛГИЈА – ШВЕДСКА 1:1 (прекин во 45 минута)
БИХ – ПОРТУГАЛИЈА     0:5
ГИБРАЛТАР – ИРСКА     0:4
ГРЦИЈА – ХОЛАНДИЈА    0:1
ИСЛАНД – ЛИХТЕНШТАЈН   4:0
ЛУКСЕМБУРГ – СЛОВАЧКА    0:1

ПретходноШвеѓаните одбија да излезат на терен откако нивни навивачи беа убиени во Брисел (видео)
СледноМлад играч на Кордоба пронајден мртов