Случајот со обложување во кој влегоа тројца италијански фудбалери, Тонали, Фаџоли и Занило продолжува да биде една од најжешките теми во моментот во светот на фудбалот. Италијански „Кориере дело спорт“ денеска пишува дека доколку бидат прогласени за виновни, Фаџоли, Тонали и Заниоло ќе го пропуштат следното Европското првенство во 2024 година. Тоа значи дека евентуалната суспензија би била ефективна и во странство, секако откако заврши целата жалбена постапка.
„Ниту со договори за признавање вина не би можеле да се вратат за натпреварите следното лето во Германија“, пишува весникот.
Во меѓувреме, разговорите со осомничените фудбалери продолжуваат. Во следните неколку дена федералниот обвинител ќе го испраша поранешниот играч на Милан, додека играчот на Јувентус веќе стана главен сведок. Во моментов поранешниот играч на Рома, кој негира дека се обложувал на фудбал, останува се уште надвор од истрагата, додека не биде повикан да даде изјава.