“Специјалниот“ летоска одбил понуда од С. Арабија вредна 120 милиони евра!

109

Жозе Мурињо летоска ја добил најголемата понуда за некој тренер во историјата на фудбалот, но сепак ја одбил. Познато е дека пред извесно време тој посочи дека имало таква понуда, но дека истата ја одбил поради дадениот збор кон Рома.

Деновиве медиумите во Италија ја “открија“ висината на таа понуда и се чини дека “Специјачниот“ е луд што не ја прифатил.

Имено сумата е 120 милиони евра за две години, и тоа од Ал Ахли. Ако ја прифател ќе бил убедливо најплатенио тренер во историјата на спортот, посебно во фудбалот и ќе земал двојно поголема плата од онаа која сега ја зема Диего Симеоне во Атлетико Мадрид, а таа е 30 милиони евра годишно.

ПретходноИ покрај поразите, Хрватите сметаат дека Далиќ треба да остане селектор
СледноВардар 1961 останува максимален, лесна победа против Голден Арт!