Македонската репрезентација до 21.година, доцна попладнево го одработи официјалниот тренинг на Арената во Кишињев, каде утре од 17 часот ќе ги одмериме силите против домашната селекција на Молдавија. Нашите надежи, според најавите од нашиот табор, се максимално подготвени, и тоа како имаат намера да го дадат својот максимум и се разбира со победа да ја оправдаат фаворитската улога на оваа средба.
За избраниците на селекторот Драган Канатларовски, ова ќе биде трет натпревар во квалификациите во групата-Ц. Досега имаме една победа и тоа над Шведска на гости и пораз дома од Холандија.
Време е значи за втор триумф во овие квалификации.