Иако нудеше милијарди и милијарди, сепак шеикот од Катар, Јасим бин Хамад ал Тани, не успеа да го купи Манчестер Јунајтед. Браќата Глејзери се договорија со милијардерот сер Џим Ратклиф да купи само 25% од клубот, а на Ал Тани и дефинитивно му ја затворија вратата.
По се ова, денеска “Билд“ објави шокантни вести за сите фанови на клубот од “Олд Трафорд“. Имено ако катарскиот шеик успеал да го купи Јунајтед, тогаш имал намера да донесе три големи ѕвезди, од кои едната е Килијан Мбапе од ПСЖ. Останатите двајца се Кинсгли Коман од Баерн Минхен и Едуардо Камавинга од Реал Мадрид.
Но сега нема ништо од ова.