Хрватскиот селектор ја презема одговорноста: Ова е навистина лошо

286

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ ја презеде одговорноста за новиот пораз, овојпат од Велс, во квалификациите за Европското првенство.

Хрватите повеќе не зависат само од себе во битката за пласман на европскиот шампионат, особено по синоќешниот пораз во Кардиф. „Коцкестите“ сега го  загубија второто место на табелата од синоќешниот ривал и се надеваат дека тимот од „островот“ ќе остане без бодови во следните два натпревари против Ерменија и Турција за да можат да се вратат како второпласирани на патот кон континенталниот турнир.

„Заслужен пораз. Велс беше подобар, поагресивен, покажа поголема желба, ги решаваше своите ситуации. Имаме проблем да продолжиме, немавме идеја како да постигнеме гол. Ова е навистина лошо. Се ставивме во тешка ситуација. Имавме добра ситуација, сега зависиме од другите… Имаме уште два натпревари. Ја преземам одговорноста, можев да направам нешто подобро. Навистина тешка ситуација“, изјави Далиќ.

ПретходноМарота: Онана може да се врати во Интер
СледноИвановски со скок и најдобар пласман на АТП листата