Со нова рунда натпревари, денеска привршуваат квалификациите за ЕП 2024, а покрај домаќинот Германија, уште шест селекции се веќе практично учесници на собирот на најдобрите европски селекции следната година. Тоа се Франција, Португалија, Белгија, Шпанија, Турција и Шкотска, а уште денеска можно е да добиеме уште неколку патници на континенталниот собир идната година.
Од денешните дуели, Австријците кои и гостуваат на селекцијата на Азербејџан практично 99% се веќе патници на ЕП, само треба да го направат тој последен чекор со освојување на макар бод на денешното гостување во Баку. Многу блиску до учество на следното Европско се и Унгарија, Албанија и Англија, кои имаат исто така 99% шанси да го сторат тоа според направените статистички анализи.
Процентите се и на страната на Данска (98), Швајцарија (95), Србија (95), но и Холандија и Чешка (94). Хрватите си ја искомплицираа ситуацијата со поразот од Велс, но сепак имаат дури 84 отсто шанси за пласман.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024
ГРУПА Б
20.45 Гибралтар – Р. Ирска
20.45 Грција – Холандија
ГРУПА Ф
18.00 Азербејџан – Австрија
20.45 Белгија – Шведска
ГРУПА Ј
20.45 БиХ – Португалија
20.45 Исланд – Лихтенштајн
20.45 Луксембург – Словачка