Благоја Милевски: Македонија секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија!

155

Утре во Струмица, со почеток од 15 часот, нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски меч и тоа со Ерменија. Се разбира дека овој тест ќе биде добра можност за селекторот Благоја Милевски да ја провери формата и на оние играчи кои досега немаа можност да настапат, како на мечот со Украина во Прага, но и оние кои имаа помала минутажа.

Во пресрет на утрешниот дуел, тој денеска пресот покрај другото истакна:

За натпреварот против Ерменија ќе им дадеме шанса на фудбалерите во составот кои треба да го потврдат потенцијалот во репрезентацијата. После исцрпувачкиот меч во Прага ќе видиме колку фудбалерите чувствуваат физички замор. Нема повредени и пред натпреварот ќе одлучиме кој ќе започне. Контролниот меч против Ерменија, која е квалитетна селекција и одигра одлични квалификации, е одлична можност за сите нас да го провериме потенцијалот со кој располагаме. Шанса ќе добијат сите, но ќе одлучиме за минутажата на фудбалерите. Оваа селекција секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија“.

ПретходноКФСМ на прволигашите им додели топки „Молтен“
СледноЕлиф Елмас: Кога играш за Македонија секој меч е важен, ова ќе биде добра контрола!