Еди Шерифовски освои сребрен медал на Балканското првенство во Труција

84

Најдобриот македонски џудист Еди Шерифовски се закити со сребрен медал на Балканското првенство за млади сениори до 23 години кое што се одржа во периодот 13 – 15 октомври 2023 година во Истанбул – Турција.

Балканскиот вицешампион Еди Шерифовски кој се натпреваруваше во категоријата до -81 кг. најпрво во четвртфиналето славеше против Селахатин Елнас, потоа во полуфиналето беше супериорен над Ерен Кочак, додека во финалето во израмнета борба загуби од Нихат Карачан и да го освои сребрениот медал.

На балканското првенство за млади сениори до 23 години учество зедоа натпреварувачи од 9 балкански држави и тоа: Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Бугарија, Молдавија, Романија, Грција, Црна Гора и домаќинот Турција.

Резултати во поединечна конкуренција: Резарт Хусени (- 66 кг. 7 место), Андреј Симоноски (- 73 кг. 7 место), Георгиј Магдески (- 73 кг. 7 место), Еди Шерифовски (- 81 кг. сребрен медал), Андреј Чакарoвски (- 90 кг. 5 место), Лилјана Недановска (- 63 кг. 7 место), Кристина Мантароска (- 63 кг. 7 место) и Катерина Ацевска (+ 78 кг. 5 место).

ПретходноЕлиф Елмас: Кога играш за Македонија секој меч е важен, ова ќе биде добра контрола!
СледноФудбалер на Баерн им даде поддршка на Палестинците, па сега ќе го протеруваат од Германија!