Хрватската репрезентација по поразите од Турција (0:1) и од Велс (1:2) ги намали шансите за директен пласман на Европското првенство во Германија следната година. Пред тие 180 минути Хрватска го заземаше лидерското место во квалификациската група Д, а сега е трета и и се закануваат дополнителни квалификации за пласман на ЕП.
Точно е дека Хрватска во зависност од исходот на последните два натпревари може да биде прва на ранг-листата, но селекцијата разочара во клучните игри. Впечатокот од тие два натпревари е дека тимот не бил добро подготвен, а прстот е вперен кон селекторот, Златко Далиќ.
Во хрватските медиуми веќе се направи анкета дали треба да биде сменет по поразот од Велс.
Околу пладне повеќе од 85.000 луѓе гласале, 51 отсто од нив сметаат дека Далиќ треба да остане, додека останатите сметаат дека треба да си замине од селекторската функција на хрватската репрезентација која ја доведе до сребро на СП 2018, бронза на СП 2022 и Финалето на Лигата на нации лани.