Кошаркарите на Милвоки го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 108:97 во претсезонските натпревари одиграни синоќа, а во фокусот остана дебито на големото засилување за Бакс, Демијен Лилард.
Лилард го одигра првиот меч за Бакс и воопшто за оваа франшиза. Во своето деби за Милвоки, Лилард постигна 14 поени за 22 минути на паркетот, додека најефикасен беше Јанис Антетокунбо со 16 поени и осум скока.
На другата страна, во отсуство на Леброн Џејмс, најдобар беше Ентони Дејвис со 16 поени и седум скока, Деанџело Расел имаше 11 поени, а Кристи додаде десет поени.
Во останатите натпревари кошаркарите на Мајами беа подобри од Мемфис со 132:124, Денвер предводен од Јокиќ славеше над Чикаго со 116:102, додека Голден Стејт на гости по продолженија славеше над Сакраменто со 121:115.
D.O.L.L.A’s debut ⌚️
14 PTS | 3 AST | 3 STL | 2 REB pic.twitter.com/58AEct1ysR
— Milwaukee Bucks (@Bucks) October 16, 2023