Шабан Трстена по седми пат доделуваше “Златни олимписки оскари“, оскар и за Игор Ивановски од “СпортСпорт“! (ФОТО)

294

Шабан Трстена, нашата спортска легенда, освојувачот на златото од ОИ во 1984 во Лос Анџелес, денеска традиционално ги додели “Златните олимписки оскари“ за личност и институции кои го поддржувале во кариерата. Оваа година тој се одлучи да додели оскари и на медиуми и поединци кои и денеска се негова поддршка.No description available.

Меѓу тие кои добија „Златни олимписки оскари“ е и Игор Ивановски од нашата редакција „СпортСпорт“, новинар со 25 годишно искуство.

No description available.

На церемонијата која се одржа денеска во хотелот „Александар Палас“ од страна на Трстена вакво признание добија и ректорот на Универзитетот ААБ од Приштина, др. Лулзим Тафа, Деканот на Факултетот за спорт од Приштина, др. Абедин Бахтири, како и деканот за спорт на Универзитетот „Хасан Приштина“, Муса Селими, академскиот сликар Мифтар Мемети, професорот од музичкиот училишен центар во Тетово и долгогодишен новинар, Љупчо Перински, новинарите Горан Милковски, Сами Адеми, Авни Ќаили и Мишко Иванов, актерот Сабедин Селмани, сопственикот на „Фокус Принт“, Имер Гоџуфи, како и пријателите на шампионот Агим Тачи и Билгин Џеладин.

No description available.

На оваа церемонија присутни беа бројни гости, спортисти, пријатели на Трстена, новинари, познати личности кои уште еднаш му одаддоа признание, а тој покрај друго истакна:

Она што ме поттикна да наградувам со „Златен олимписки оскар“ е фактот дека до титулата олимписки шампион успеав да стигна на достоинствен начин, со храброст и самодоверба. Така го остварив сонот што си го поставив како цел, да стигнам до врвот на спортските остварувања. Задоволство е кога се чувствуваш почитуван од вистинските луѓе, посебно од луѓето во мојот роден град, од цела Македонија и насекаде на Балканот. Како спортист на 20 век, преку доделувањето на овие „Златни олимписки оскари“, изразувам благодарност на луѓето кои беа со мене и воедно, изразувам голема почит за секој што дал придонес и знаел да го цени и да го вреднува мојот успех и вредностите на спортот во целина, посебно на олимписките вредности“.

ПретходноФудбалер на Баерн им даде поддршка на Палестинците, па сега ќе го протеруваат од Германија!
СледноИ покрај поразите, Хрватите сметаат дека Далиќ треба да остане селектор