Заврши кошмарот за навивачите и фудбалерите во Брисел – успешно се извлечени од стадионот!

492

Во Брисел ситуацијата и натаму е алармантна по синоќешниот терористички напад во кој двајца шведски државјани го загубија животот, еден е надвор од животна опасност.

Пред почетокот на мечот меѓу Белгија и Шведска непознато лице пукало низ улиците близу до стадионот, жртви биле шведски фанови. Осомничениот кој извикувал „Алах абкар“ е во бегство.

Откако фудбалерите на Шведска ги дознаа овие информации, одбија да го доиграат мечот. Тие заедно со навивачите останале долго во ноќта на стадионот, по што полицијата полека успеала ги извлече сите од истиот и да ги пренесе на безбедно место.

ПретходноМлад играч на Кордоба пронајден мртов
СледноЧетири ѕвезди јавно се жалат, Анчелоти во проблеми