Крај на драмата во Брисел, полицијата го застрела терористот кој усмрти две лица

1040

Брисел од синоќа живееше вистински кошмар. Непосердно пред дуелот меѓу Белгија и Шведска во рамките на квалификациите за ЕУРО 2024 година, непонзато лице смртно застрела двајца навивачи на гостинскиот тим, додека еден мина со полесни повреди.

За време на терористичкиот напад се слушало како извикува „Алах Абкар“. Напаѓачот веднаш побегнал, а полицијата цела вечер трагеше по него. Но, кошмарот заврши, министерката за вантрешни работи, Верлинден потврди дека лицето кое усмрти двајца Швеѓани, а еден повреди е соборено.

Станува збор за терористот Абдесалем, тој е застрелан во едно кафуле, а пренесен во болница. Утринава имало нови повредени лица, но засега нема подетални информации.

ПретходноРоналдо е вистинска машина, на 38 година е најдобар стрелец во светот
СледноМакедонија – Ерменија: Секој натпревар е важен, секоја победа е значајна па и на пријателска!