Првата пресуда за случајот обложување во Италија падна. Младиот играч на Јувентус, Николо Фаџиоли е суспендиран на седум месеци од фудбалот поради обложување. Тој призна дека учествувал во обложување на фудбалски натпревари, што е забрането во Италија, но исто така посочи дека ќе се лекува од зависност од обложување и ќе помага на другите да се справат со оваа зависност и да не западнат во неволја како него.
22-годишниот фудбалер беше сослушан неколку пати, тој се обложувал на фудбалски натпревари но никогаш на своите тимови. Обвинителството прво побарало 12 месеци забрана за фудбал, но на крајот одлучено е суспензијата да биде на седум месеци. Фаџиоли во наредните шест месеци ќе се лекува од зависност од обложување и исто така мора да се појави на 10 јавни настапи на кои ќе ја објасни ситуацијата и ќе зборува за овој проблем давајќи им совети на останатите за стапицата во која може да паднат.
Исто така ќе плати и 12,500 долари.
Следни на разгледување се случаите со Сандро Тонали и Николо Заниоло.
Тонали исто така признал зависност од обложување и ветил соработка во случајот против него. Тој ќе треба да објасни дали се обложувал на мечевите на неговиот Милан.
Случајот со Заниоло е поинаков, барем на хартија. Неговите адвокати тврдат дека Заниоло никогаш не се обложувал на фудбалски натпревари туку на покер, блек џек не знаејќи дека тие апликации не биле легални.