Иако до новиот преоден рок остануваат уште два месеци, Микел Артета веќе тргна по нови засилувања, вака тврди експертот за трансфери, Фабрицио Романо.
Менаџерот на Арсенал подготвува голема понуда за еден од некогашните играчи на Манчестер Сити, Даглас Луиз, кој сега го носи дресот на Астон Вила. Покрај овој фудбалер, Артета го „мерка“ и Педро Нето од Вулверхемптон.
„Арсенал веќе некое време ја прати ситуацијата околу Педро Нето, но Луиз е на врвот на листата на посакувани фудбалери“, извести Романо.
Луиз во периодот од 2017 до 2019 година беше дел од Сити, но никогаш не доби вистинска шанса. По ова замина во Астон Вила, на 162 меча има 16 гола. Кога станува збор за минатата сезона, имаше шест гола со што го импресионираше Артета.