Белгија прифаќа мечот со Шведска да не се доигра и да биде регистриран со 1:1

491

Белгија е подготвена да прифати нерешено 1:1 во мечот со Шведска и истиот да не се доигра, откако вчера беше прекинат по првото полувреме поради убиство на двајца шведски навивачи во Брисел.

„Нема да бараме од Шведска да го заврши натпреварот. Сакаме да покажеме почит за она што се случи. Ќе контактирам со Шведската фудбалска асоцијација, австриската фудбалска асоцијација и УЕФА за да продолжиме во оваа насока. Во одреден момент, етиката и моралот мора да преовладуваат“, изјави Ману Лерој, управен директор на Белгиска фудбалска асоцијација.

По 6 одиграни натпревари, Белгија има 16 бодови во групата Ф, исто колку и Австрија која има одиграно 7 натпревари. Шведска е трета со 6 бода по 5 натпревари.

ПретходноФК Работнички има нов сопственик: Откупени акциите на „Херојот од Дебар Маало“
СледноПСЖ повторно ќе го моли Мбапе да потпише барем едногодишен договор