Висока победа над Ерменија како утеха за изгубените шанси за ЕП 🎥

482

Ех да беше Ерменија, а не Украина…

Македонија со триумф од 3:1 над Ерменија на контролниот меч одигран попладнево во Струмица каде избраниците на селекторот Благоја Милевски одиграа добар меч, против незгоден ривал но во дуел без значење и само за статистика. Победа како утеха по поразот од саботата од Украина кога ги загубивме и онака тенките шанси за пласман на ЕП. Во овој октомври ни требаа бодови, а не пријателска победа, но и ова второто е во ред ако се знае дека секој меч на националниот тим има своја тежина.


Дождот во Струмица кој врнеше во текот на сите 90 минути беше бериќетен за нашиот национален тим кој беше убедливо подобар ривал на теренот и повеќе ја посакуваше победата.
Отпорот на гостите е скршен во 42. минута кога по одличната контра на Елиф Елмас, Трајковски покажа и докажа дека е мајстор за голови кога елегантно се ослободи од чуварот по што рутински со удар од 12 метри ја погоди мрежата.
Елиф Елмас капитенски ја предводеше репрезентацијата во своето деби со капитенската лента. И во 59 минута беше главен виновник за новиот гол на Македонија. Со прекрасен удар ја погоди стативата а одбиената топка дојде до Милан Ристовски кој се најде во шанса од каде не може да се утне.

Елмас и за 3:0 ја предводеше акцијата, во гол шанса го исфрли нововлезениот Даци кој во 89. минута се запиша во листата на стрелците.
Сперцјан во 93 минута од слободен удар ја изненади нашата одбрана и постигна гол за утеха за гостите.

Ерменија исто како и Македонија пред некој ден загуби со 2:0 но на гости кај Летонија а оваа селекција сеуште има теоретски шанси за втората позиција во групта. Играа без првата ѕвезда Мкхтрјан но беа тенки и безопасни иако кога шутираа од далечина Шишковски беше на висината од задачата.

 

Минута по минута:
2’ – Алими распали од 20 метри ниско по земја а голманот на Ерменија со крајни напори брани.
10’ – Ховханисјан со незгоден удар од 40 метри се обиде да го изненади Шишковски кој добро интервенира и ја избива топката во корнер.
26’ Ранос е во налет, во зона на удар од 20 метри бие по средината а Шишковски избива во нов корнер.
34’ Арутинијан е во кол шанса на 12 метри а Шишковски го бран неговиот удра по гужвата од корнерот од левата страна.
1:0 – 42’ Елиф Елмас ја преводи контрата на Македонија, го проигрува Трајковски кој е мајстор во казнетиот простор, се ослободува од чуварот и елегантно од десетина метри стрела во долниот десен агол на Ерманија.
53’ Адеми ја протура топката до Трајковски кој е во петерецот но премногу косо од каде бие покрај голот.
2:0 – 59’ Елиф Елмас со прекрасен удар од 15 метри кој заврши во левиот дирек на Ерменија, на одбиената топка налета Милан Ристовски кој од 5 метри бие во празната мрежа.
73’ Сперцијан од слобиоден удар се закани а топката мина за малку над нашата пречка.
82’ Елези се обиде но голманот на Ерменија е на место.
3:0 – 89’ Елиф Елмас со добро додавање до Даци, голманот на Ерменија прави кикс по кој резервниот шпиц на нашата селекција ја тресе мрежата.
3:1 – 93’ Сперцјан изведе слободен удар од 20 метри откосо од каде ја погодио мрежата на Шишковски и постигна гол за утеха на гостите.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 3:1 (1:0)
Градски стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Гледачи: 2.000
Главен судија: Никола Дабановиќ од Црна Гора
Ж. Картони: Алими (М), Восканјан (Е)
Стрелци: Трајковски 42’, Ристовски 59’, Даци 89’ (М), Сперцјан 93’

МАКЕДОНИЈА:
Шишковски, Иљазовски, Серафимов, Адеми (Атанасов 55’), Муслиу, Елмас, Трајковски (Чурлинов 55’), Димоски (Ашковски 62’), Митровски (Барди 68’), Алими (Елези 72’), Ристовски (Даци 85’).
Селектор: Благоја Милевски
ЕРМЕНИЈА:
Чанчаревиќ, Харојан, Восканјан (Мкртчјан 57’), Иву, Серобјан (Спeрцјан 46’), Ховханисјан(Севикјан 46’), Ранос (Марганјан 78’), Дашјан, Тикнизјан, Арутиуниан, Бичакчјан (Барсагјан 46’).
Селектор:
Олександар Петраков

ПретходноАртета пикирал екс-фудбалер на Манчестер Сити
СледноМилевски: Овие фудбалери се најдоброто што Македонија го има