Во ПСЖ се неуморни кога станува збор за Мбaпе, следната недела го прават последниот обид!

205

ПСЖ е подготвен да му понуди нов договор на Килијан Мбапе, и покрај можноста повторно да добие негативен одговор.

Познато дека тој сака да замине, неговиот договор е со важност до 2024 година. Оваа одлука веднаш беше оспорена од ПСЖ, сите се надеваа дека ќе можат да го потпишат на уште една година, а со тоа и да земат пари од неговиот трансфер.

На крајот поради несогласувања, Мбапе исфрлен од првиот тим, но подоцна беше вратен на почетокот на кампањата.

Од неговото враќање во тимот, Мбапе е исклучително силен и има осум гола на девет натпревари. Сепак, остануваат шпекулациите дека тој ќе потпише за Реал Мадрид во јули, а 24-годишниот фудбалер тоа официјално ќе може да го стори тоа веќе во јануари.

Сепак, според Спорт, ПСЖ се уште се надеваат дека ќе го убедат некако и ќе го обноват договорот, дури и да е само до 2025 година. Понудата за продолжување на една година ќе му биде претставена на Мбапе веќе следната недела.

Доколку напаѓачот уште еднаш ги одбие овие услови, ПСЖ ќе го прифати поразот во обидот да го задржи во својот тим и ќе мора да се помири дека од следната сезона ќе го гледа во друг дрес.

ПретходноМакедонија – Ерменија: Секој натпревар е важен, секоја победа е значајна па и на пријателска!
СледноУ-19: Македонија денеска го заверува пласманот во елитната фаза квалификации!