ЕХФ ја смести Андреа Седлоска во идеалниот тим (ВИДЕО)

210

Андреа Седлоска дефинитивно е иднината на македонскиот репрезентативен ракомет. Таа на двата квалификациски меча беше лидер во „црвено-жолтите“ редови, против Азербејџан и Литванија постигна 15 гола и имаше само едно промашување.

Токму ова беше повеќе од доволно за да ЕХФ ја сместо во идеалниот тим за првите две квалификациски кола за пласман на Европското првенство 2024 година. Седлоска го реши мечот против Литванија на гостински терен со три гола по ред во самиот синиш. На оваа средба беше перфектна, имаше осум гола од исто толку обиди.

ПретходноУ-21: Надежите денеска на мегдан со Молдавија, се посакува триумф
СледноАлкалоид пишува историја: Војводина прв европски предизвик за момците на Лазаров!