Италија немоќна на „Вембли“, Србија со клучна победа над Црна Гора (ВИДЕО)

457

Со голем пресврт, фудбалската репрезентација на Англија ја оствари и петтата победа во квалификациите за пласман на ЕП 2024 и тоа во големото дерби во групата „Ц“ против селекцијата на Иалуија. Вечерва на „Вембли“, Италијанците први поведоа со голот на Скамака, но следуваше пенал по кој Хари Кејн успеа да израмни на 1:1, а потоа со головите на Рашфорд и уште еден на Кејн, Англија да слави со убедлив резултат и да остане лидер во групата со 16 освоени бода на две кола пред крајот, обезбедувајќи си место на ЕП следната година.

Украина која има само уште еден меч до крајот на квалификациите, мдолу се препоти на гостувањето кај Малта, откако долгорт до креше во негатива од 1:0, но и тие со пресврт до крајот дојдоа до убелдива победа од 3:1.

Србија дојде до исклучително вредна победа над Црна Гора од 3:1 со која дојде на само бод од Унгарија н аврвот на табелата во групата „Г“. Србите славеа со двата гола на Митровиќ и еден на Тадиќ, додеја Јоветиќ погоди за Црна Гора која долго време имаше реми, 1:1.

Во оваа група изненадувањето се случи во Литванија, каде домашните одиграа 2:2 со лидерот Унгарија, а долго време имаа и водство од 2:0.

Во групата „Х“, Словенија и Данска дојдоа до посакувани три бода кои ги оставаат во целосна трка за двете места кои водат на ЕП. Данците се намачија кај Сан Марино и на крајот славеа со 2:1, додека Словенија со голот на Черин уште во 5. минута поведе кај С. Ирска и на крајот со минимални 0:1 ги однесе сите три бода.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024

ГРУПА Ц

Англија – Италија 3:1

Малта – Украина 1:3

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА Г

Литванија – Унгарија 2:2

Србија – Црна Гора 3:1

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА Х

С. Ирска – Словенија 0:1

Сан Марино – Данска 1:2

Финска – Казахстан 1:2

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноЛазаров: Кога ќе промашиш пет „пенали“, победата е невозможна мисија!
СледноРојевиќ: Заслужено славевме! Алкалоид има квалитет, лани го остави Вардар позади себе!