Канатларовски и надежите загубија кај еден од најслабите во групата (видео)

1404

Отидовме по победа, останавме со празни раце. Македонската фудбалска репрезентација до 21 година е поразена на гостувањето кај Молдавија со 2:1 во меч од 3.коло во групата Ц од квалификациите за ЕП. Македонија дојде во Кишињев со скор од победа над Шведска и пораз од Холандија, па вечерва бараше победа против најслабиот во нашата група и удри во ѕид.

Селекторот Канатларовски тргна офанзивно но ништо од бодовите и покрај тоа што од 52.минута при резултат 0:0 Молдавците играа со фудбалер помалку.
Во 55 минута Ралеану тргна доби топка напред издрибла тројца наши фудбалери и ја смести топката во мрежата. Во 60. минута Лука Станковски ја искористи мешаницата пред противничкиот гол и го изедначи резултатот.

И кога требаше да се притисне и да се бара победа, стигна ладен туш. Ковали го пронајде Лупан кој шутна по земја и го совлада Алчевски.
Во 96 минута Молдавците имаа убава шанса за убедлива победа но не погодија, а на спротивната страна во прекрасна можност се најде Максимов чиј удар со глава заврши покрај голот.

Македонскиот тим направи голем чекор назад во трката по второто место кое дава шанса за пласман на ЕП со оглед на тоа дека Холандија веќе избега на 12 бодови. Молдавија сега има шест бода (од пет меча), а Македонија три (од три меча). Грузија е трета со 7 исто колку и второпласираната Шведска со по четири одиграни натпревари.
Гибралтар е последен без бодови.

РЕЗУЛТАТИ
ГРУЗИЈА – ШВЕДСКА 0:0
ГИБРАЛТАР – ХОЛАНДИЈА 0:5
МОЛДАВИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:1

Standings provided by Sofascore
ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Седум месеци суспензија за Фаџиоли
СледноАлександар Вучиќ: Едвај чекам натпревар меѓу Ц. Звезда и Динамо Загреб, Хрватите немаат шанси!