Алкалоид го плати „данокот“ на неускуство на првиот официјален натпревар во Европската лига. Избраниците на Кирил Лазаров имаа добри моменти против силниот поискусен состав на Војводина, но на крајот пропуштените шанси и промашените седмерци си го сторија своето. Српскиот тим славеше со 26-31.
„Кажав претходно дека Војводина е подобар тим од нас во овој момент, им честитам за тоа. Ја заслужија победата. Тие се десет пати шампиони по ред во Србија, тоа доволно говори. Не сум задоволен од мојот тим, ако промашиш пет пенали во еден меч, победата против Војводина е невозможна мисија. Ќе анализираме во следните денови и во следните дуели ќе бидеме подобри“, изјави Лазаров.
Серафимов добро знае каде го загубија мечот, разочарувањето постои, но најави дека ќе бидат подобри.
„Не одигравме најдобро, промашивме еден на еден со голманот. По овој меч ќе анализраме, ќе видиме каде сме згрешиле и ќе играме се подобро и подобро“, рече Мартин Серафимов.