Холандскиот интернационалец Анвар Ел Гази денеска доби раскин на договорот со германски Мајнц поради објавување на антисемитска порака на социјалните мрежи. Како што потврдија од клубот, соработката со Холанѓанецот е завршена, откако на Инстаграм, фудбалерот објавил пропалестинска порака, која во себе имала и антисемитска фраза: „Од реката до морето“.
Интересно е што Ел Гази во Мајц пристигна пред еден месец, откако претходно остана без клуб по завршувањето на соработката со ПСВ Ајндховен.