Мега – дерби на “Вембли“, балканска пресметка на “Маракана“ до истребување!

191

Вечерва се играат седум натпревари од квалификациите за ЕВРО 2024 година, со тоа и завршува октомврискиот циклус. Секако дека дербито се игра на “Вембли“ во Лондон, и тоа е меч од нашата група – Ц, а се среќаваат Англија и Италија. Истите тие селекции кои пред 2,5 години на истиот стадион играа во финалето на ЕП 2021 и тогаш славеше Италија. Па видете сега колку била силна нашата група, а тука е и Украина која ќе гостува на Малта, додека Македонија е слободна и ќе игра пријателска со Ерменија во Струмица.

Во случај на победа, селекцијата на Англија ќе стави печат на пласманот на ЕВРО 2024. Од друга страна, ако слави Италија или биде нерешено, тогаш за тие две места на ЕП ќе се решава во ноември.

Во Белград на “Маракана“ балканска пресметка до истребување меѓу очајната Србија предводена од очајниот Драган Стојковиќ – Пикси и Црна Гора. Србите мораат по секоја цена да освојат три бода, со што ќе бидат речиси со двете нозе на ЕП, во случај на пораз или реми тоа ќе биде катастрофа за нив, тогаш Црна Гора ќе биде во голема предност во пресрет на последните мечеви во групата Г кои се играат во ноември.

Инаку за оваа група се вели дека е убедливо најслабата група во историјата на квалификациите за ЕП или СП.

Унгарија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Литванија се селекциите во оваа група, која од која послаба селекција, а посебно онаа на Пикси која е повеќе од очајна заедно со него.

Општа оценка е дека ако Македонија се паднеше во оваа група тогаш најверојатно уште сега во октомври ќе го славевме пласманот на ЕВРО 2024, а ние моравме да играме со Англија, Италија, Украина.

Се чини дека нема правда.

ДЕНЕСКА

ГРУПА-Ц

Англија – Италија (20:45)

Малта – Украина (20:45)

ГРУПА – Г

Литванија – Унгарија (20:45)

Србија – Црна Гора (20:45 Ч)

ГРУПА – Х

Финска – Казахстан (18:00 Ч)

Сан Марино – Данска (20:45 Ч)

С. Ирска – Словенија (20:45 Ч)

ПретходноРК Загреб со нов тренер го дочекува Е.Пелистер!
СледноПОЛУВРЕМЕ: Трајковски ја отвори незгодната Ерменија! (ВИДЕО)