Милан ќе направи нов обид да го донесе голгетерот на француски Лил, Џонатан Дејвид во зимскиот преоден рок, тврди „Газета дело Спорт“. Милан одамна го следат развојот на репрезентативецот на Канада, минатото лето се обидоа да го донесат но трансферот не се случи. Во моментов централен напаѓач кај Милан е Оливие Жиру кој иако има 37 години игра одлично, но на тимот му бара замена затоа што улогата на Ноа Окафор е различна.
Дејвид има два гола од стартот на сезоната во Лига 1 и уште два во Лигата на конференциите, а минатата сезона ја заврши со 24 гола за Лил. Цената му изнесува околу 40 милиони евра.
Тој е роден во Бруклин, има потекло од Хаити, а израснал во канадскиот град Отава. Пред Лил настапуваше за белгиски Гент.