Милевски: Овие фудбалери се најдоброто што Македонија го има

606

Македонскиот селектор Боби Милевски е задоволен од победата над Ерменија со оглед на тоа дека се играло под тешки услови и во тимот имал осум нови играчи од кои двајца дебитанти.
Имавме осум нови играчи во однос на мечот со Украина од кои двајца дебитанти. Мислам дека оние кои што добија шанса покажаа зошто се тука и зошто добиле минутажа. Ќе бидат тука и понатаму. Публиката го побара Дориев да но мислам дека тој ја доби потребната минутажа против Украина
Јас би се навратил и на оние мечеви од претохдно. Ова е она што Македонија го има. Ова е најдоброто во моментов. Резултатот секогаш е важен но, секако, и играта. Со намера ги направивме тие промени. Ерменија е квалитетна затоа и пробавме варијанти пред она што не очекува. Од меч во меч се поправаме“, изјави нашиот селектор.

ПретходноВисока победа над Ерменија како утеха за изгубените шанси за ЕП 🎥
СледноУ-19: Германија ја однесе Македонија во елитната фаза!