Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи и официјално е нов член на Гњилане, тим од елитната лига на Косово. Довчерашниот капитен на Шкендија, речиси два месеци преговараше со Гостивар, речиси да падна и договор, но ништо од тоа.
Дефанзивецот имаше понуди и од други клубови од Македонија, Албанија, но сепак се реши да ја прифати таа на Гњилане.