Екипата на Алкалоид во првиот европски натпревар на домашен терен ќе ја пречека Војводина, меч кој се игра вечерва (20:45 часот) во СЦ „Јане Сандански“. Предводникот на македонскиот вицепрвак, Кирил Лазаров го одбра составот за пресметката со првакот на Србија.
На голот на Алкалоид ќе биде тандемот Ромеро и Трајкоски, во останатиот дел нема изненадувања, Лазаров го има на располагање целиот „арсенал“ со кој се подготвуваше за оваа средба.
Билети за мечот се уште можат да се купат на мрежата на MkTickets, директен пренос ќе има МРТ и на Арена.