Поранешен судија ќе биде прв човек на шпанскиот фудбал

202

Поранешниот меѓународен фудбалски судија Матеу Лахоз ќе биде претседател на Фудбалската федерација на Шпанија, пренесува „Марка“. Тој има најголеми шанси да победи во трката по фотељата која е празна по заминувањето на Луис Рубиалес после оној скандал со фубалерката од националниот тим Ермосо. По неколку неделни натегања и обвинувања, протести, Рубиалес беше сменет и сега местото претседател е празно.
Лахоз кој се пензионираше минатата сезона по повеќе од 30 години со свирчето, 12 од нив на интернационално ниво има поддршка од повеќето членови на Одборот. Во Шпанија важи за харизматичен но и контроверзен судија, а по пензионирањето работеше како коментатор на фудбалски натпревари за локална телевизија.
Минатата сезона имаше неколку тешки моменти затоа што доби остри критики за арбитражата на мечот Холандија-Аргентина на СП во Катар, а потоа се врати на „Ел Класико“ на кое покажа 15 жолти картони и еден црвен.

ПретходноАлександар Вучиќ: Едвај чекам натпревар меѓу Ц. Звезда и Динамо Загреб, Хрватите немаат шанси!
СледноКазахстан ја победи Финска во Хелсинки и останува во игра за ЕП 2024 (ВИДЕО)