Ројевиќ: Алкалоид игра одлично, дома победува со 20 гола разлика!

158

Алкалоид вечерва (20:45 часот) во СЦ „Јане Сандански“ е домаќин на Војводина во првиот европски меч во својата историја. Како македонски вицепрвак се пласираше во групната фаза во Европската лига, каде во својата група, но и во останатата конкуренција дефинитивно ќе биде најмладиот тим. Иако работите стојат вака, сепак противниците го голем респект гледаат кон Кирил Лазаров и неговите момци, постојано ги пратат резултатите, кои според нив се доволен доказ дека Алкалоид има што да понуди на европската сцена, дефинитивно не треба да се потцени она што го создава во своето кратко постоење.

„Алкалоид игра одлично, тоа може да се види во домашното првенство каде противниците ги победува со 20 гола разлика. Во рамките на подготовките кога играа против тимови од наша класа, ги решаваа во нивна корист.

Станува збор за екипа која е државен проект, која почна пред две години и ги собра сите младите играчи во Македонија. Оваа година потпишаа двајца интернационалци, а имаат сегашни репрезентатвици. Не чека тежок меч. Знаеме дека во Македонија сите го сакаат ракометот, па ќе имаат поддршка од своите навивачи. Пример за работата на овој тим е победата на Тиквеш над Кремс, екипа која Алкалоид пред неколку дена ја совлада без мака“, изјави Борис Ројевиќ, тренерот на Војводина.

Покрај овие два тима, во групата Ф се наоѓаат дански Силкеборг и шпанскиот тим на Ла Риоха.

ПретходноСветат рефлекторите во Струмица!
СледноУ-21: Познат е стартниот состав, Македонија со напаѓачка формација против Молдавија!